Што ако Груевски и денес не го добие решението за одење во затвор?

Денеска судот уште еднаш ќе се обиде да му го достави на Груевски решението со кое се одбива неговата жалба на одлуката да не му се дозволи одложување на затворската казна, т.е. решението со кое веднаш треба да оди на издржување на двегодишната затворска казна.

Ако судските курири и денеска не успеат да го најдат Груевски на домашна адреса, решението ќе можат да му го врачат во судските ходници на следното рочиште за предметот „Титаник“, кое требаше да се одржи денеска, но поради зафатеност на големите судски сали во новиот, како и таа во стариот Основен суд Скопје 1, е презакажано за во среда, пренесува порталот СДК.

Сепак, Судот не мора да чека до среда. Доколку утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, во согласност со судската пракса, ќе пристапи кон присилно приведување од МВР или распишување потерница.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од судот, пренесува Нова ТВ.

Од Судот не ја исклучуваат и можноста Груевски во меѓувреме сам да се пријави во затворот Шутка, за каде што му е упатниот акт.

- Реклама -