„Македонија #Блокира“ денес на „народен собир“ пред домот на пратеникот Крсто Мукоски

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори, составен од 84 организации, меѓу кои и партијата Единствена Македонија, а кој од „Македонија-Бојкотира“ беше преименуван во „Македонија-Блокира“, најави дека денес од 19 часот ќе се одржи „народен собир“ во Вевчани пред домот на пратеникот Крсто Мукоски, еден од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон уставни измени.

„Во првата фаза народни собири пред домовите на пратениците да ги охрабриме да се предомислат, да не се плашат оти народот ќе ги брани по секоја цена и да не дозволат други држави да им подигаат споменици како нивни херои“, се вели во соопштението објавено завчера на фејсбук страната на Единствена Македонија.

- Реклама -