„Кока Кола“ со одлична реклама го истрола прерано украсениот Белград (ВИДЕО)

На друштвените мрежи во Србија во моментов една од главните теми е новогодишната реклама на Кока Кола (Србија), ама и нејзиното мистериозно исчезнување од официјалните профили и веб страна на компанијата.

Некои шпекулираат дека рекламата била објавена по грешка, што може да го каже само некој што не ја гледал, бидејќи јасно е како ден дека е направена токму по повод ситуацијата со прераното украсување на Белград, кое според српските медиуми започнало уште во средина на септември.

Други мислат дека се работи за класична цензура, т.е. дека рекламата е отстранета под притисок на властите бидејќи токму тие се мета на шеговитата критика.

Третите, во доста голем број, се убедени дека целото ова е маестрален потег на маркетинг одделот на Кока Кола Србија (вирално видео станува уште повирално кога без објаснување ќе го снема), а во исто време и нешто што насушно било потребно во ваков момент – некој да ги исмее властите за нивното новогодишното расположение уште од рана есен.

Од друга страна, досега треба да е јасно дека ништо не може да исчезне на интернет. Иако Кока Кола ја отстрани рекламата од своите официјални профили и веб страна, копии од истата не е тешко да се најдат. Повелете:

https://twitter.com/jovan_apple/status/1059707083338211328

- Реклама -