Да не беа градоначалници, можеа да бидат комичари

На вчерашната вечера насловена „Скопска прес дружба“, во присуство на новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, и дел од министрите во Владата, скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку хумор, главно на своја сметка, даваше отчет за сработеното во првата година од својот мандат, пренесува порталот СДК.

Во „реплика“ до битолската градоначалничка – Наташа Петровска, Шилегов на шега се пофали дека со трите стари автобуси што ѝ беа дадени на Битола, успеал да ја намали просечната старост на возниот парк на ЈСП Скопје.

Шилегов рече и дека добро му се добро познати критиките на граѓаните дека „градоначалникот ништо не работи“. Нив им порача вака:

„Јас слушам повеќе и од Мијалков. Имам 3.000 легални такси превозници и не знам колку диви таксисти. 3.000 жолти комбиња на улиците и слушам сè. Во изминатава година главните скандали во мојата работа беа комарците, кучињата скитници и буквите од пораката на Тито за земјотресот. Се зборуваше зошто не сме ги поставиле оригиналните букви, а не знаете дека новиве ги изработивме од стопениот споменик на Ќосето“, рече на шега Шилегов.

На нешто посериозна нота, скопскиот градоначалник истакна дека градот годинава добил нов, поинаков концепт, и дека граѓаните наутро се будат без страв дали во Скопје ќе никне нов споменик или нова барокна фасада.

За ова последново, Шилегов е дефинитивно во право. Проблемот е што истиот тој ефект во Скопје ќе го имаше и без градоначалник…

Што се однесува до остатокот од вечерта, блескаше и хуморот на Бранко Огњановски, ама и на градоначалничката на Битола. Таа му заблагодари на Шилегов „за крш автобусите“, а Огњановски побара воведување на нов предмет на градежен. Прочитајте на САКАМДАКАЖАМ.

- Реклама -