Кинески милијардер почнал да продава чист воздух во конзерви

Прашање на време беше кога вакво нешто ќе се случи. Чен Гуангбиао, познат кинески бизнисмен и филантроп, започна да продава чист воздух во конзерви. Производот, “Chen Guangbiao: Nice Guy” се продава за околу 0,8 американски долари.

Не е тајна дека Кина има голем проблем со загадувањето на воздухот, но иако кинеските власти не преземаат ништо по ова прашање, милијардерот Гуангбиао, познат како „Брат Биао“ се обидува на оригинален начин да привлече внимание кон проблемот.

Воздухот кој го користи за неговиот производ е собран од „револуционерните“ области во Кина, вклучувајќи ги планините Џинганг, Провинцијата Џиангзи и некои области со етнички малцинства во Тајван. „Сè што треба да направите е да отворите конзерва и директно да го „впиете“ воздухот или да го допрете носот до отворот и да вдишете длабоко“ вели Чен.

Пред лансирањето на “Chen Guangbiao: Nice Guy” Братот Биао рекол дека верува дека производот ќе биде успешен бидејќи има многу луѓе кои живеат во големи градови дишат воздух измешан со гасови од автомобили и би дале многу за еден здив чист, свеж воздух.[Rational Patriotism in the (Canned) Air]

- Реклама -