Приведен и Јанко Бачев

Претседателот на проруската партија „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, попладнево е приведен во полициска станица. Извори од МВР потврдуваат дека Бачев бил повикан на разговор во полиција, а причината е закани на социјалните мрежи.

Како што пренесува порталот СДК, лидерот на Единствена Македонија во неколку наврати преку друштвените мрежи им се заканувал на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон уставни измени како што предвидува Договорот со Грција.

Како што објавија на Фејсбук страната на партијата, Бачев бил приведен непосредно пред одржувањето на редовниот состанок на „МАКЕДОНИЈА#БЛОКИРА“.

 

- Реклама -