Демолирани два штаба на СДСМ во Куманово

Денеска во 10:40 часот во МВР било пријавено дека два штаба на СДСМ во Куманово биле искршени и демолирани.

Според МВР, искршени се по три прозорци на два штаба, едниот лоциран на улицата „Илинденска“, вториот на „Тоде Думба“. Во врска со настанот е приведен 34-годишниот Д.С. од Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека е запознаен за инцидентот и дека случајот уредно е пријавен во полиција.

– Оставам на истражните органи да го најдат сторителот и да одговара за тоа што го има сторено – изјави Димитриевски.

- Реклама -