Во Босна и Херцеговина паднало снег

На самиот почеток на есента, во Босна и Херцеговина на Прокошко Езеро завеал снег, создавајќи снежна покривка од околу 5 сантиметри.

Прокошко Езеро се наоѓа на 1.636 метри надморска височина и е одалечено 23 километри од Фојница. Жителите велат дека снегот ги изненадил гостите кои се наоѓаат таму. Има магла, врне снег и доста е ладно. Истовремено снег повремено врне и на Бјелашница и Јахорина.

- Реклама -