Во текот на празничниот викенд 26 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите денови (07, 08 и 09.09.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди од кои три тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 17 со материјална штета, наведува МВР во дневниот Билтен.

При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 77 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 68 возачи бидејќи 35 го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници. 18 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.

Исто така санкционирани се и 10 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престорил, еден неправилно престигнувале и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 70 мандатни платни налози, додека исто така 48 возила се подигнати со “Пајак”.

- Реклама -