Се запалил авион кој летал кон Сочи, патниците скокале за да се спасат

Авион Боинг 737 кој летал од Москва кон Сочи се запалил на аеродромот во Сочи, кога се излизгал од пистата при обид да слета.

Патниците скокале на скршените крила на авионот во обид да се спасат. Од сите 170 патници има повредени најмалку 18, но за среќа, инцидентот поминал без човечки жртви од патниците и екипажот. Но, еден вработен на аеродромот, кој им помагал на патниците да се спасат, од преголемиот наплив на адреналин и претрпениот шок, починал од срцев удар.

Пилотот подолго време атерирал над пистата, во обид да слета, што било попречено од ветерот и дождот. Авионот се излизгал од пистата, ја пробил заштитната ограда и се забил во брегот на реката во близина, по што се запалиле едно тркало и едно крило на авионот.

Поради несреќата се одложени голем број полетувања и слетувања од аеродромот во Сочи.

- Реклама -