Анкета на ИРИ: За влез во ЕУ и НАТО како Северна Македонија се 57%

Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт спроведе анкета во Македонија, пред референдумот на 30 септември.

Според резултатите, најголем дел од граѓаните се за решавање на спорот со Грција и за евроатлантските интеграции.

Така, 57%, од кои 37% целосно, а 20% делумно, го поддржуваат предлогот за членство во ЕУ и НАТО со имплементација на Договорот од Преспа, со кој нашата држава го добива името Република Северна Македонија.

Исто 57% од испитаниците сметаат дека членството во ЕУ ја оправдува промената на името. Околу 49% се изјасниле дека ќе гласаат за решавање на спорот, додека 22% се против.

Вкупно 83% од испитаниците сакаат членство на Македонија во ЕУ, што е поголем процент во однос на март 2017.

Анкета е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГфК Скопје, фирма за истражувања на пазарот. Ова истражување е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.

- Реклама -