Океј, Тереза Меј е дефинитивно робот (видео)

Политичариве од Западот, овие најкрупните, веќе некое време ги следат теории на заговор дека се рептили, вонземјани, клонови, андроиди и што ти уште не… Ама после ова видео, за Тереза Меј веќе нема што да се шпекулира – жената е апла робот.

Меј посети училиште во Кејптаун, Африка, а учениците (наивковци, кутрите) се обидоа да ја раздвижат и да ја натераат да танцува. Очигледно роботиката уште нема толку напредувано за можат роботите да имитираат основни човечки движења по одреден ритам. Ограничениот распон на клатења ја издаде британската премиерка.

виа МКД

- Реклама -