Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ работи со полна пареа и во недела

На ден 26 август 2018, ВМРО-ДПМНЕ до 17 часот излезе со шест соопштенија, забележува ЦивилМедија.

Порталот ги пренесува насловите на денешните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, кои цело време се вртат околу претстојниот референдум:

„Владата на СДСМ со еден потпис во Преспа се откажа од се што е македонско“

„Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните“

„Шилегов и директорот на ЈСП да објаснат како два тендери ги добиле фирми регистрирани на една адреса и зошто сега се плаќаат услугите двојно од порано“

„Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања“

„800 илјади кафиња ќе се пијат во влада, а нема пари за општествено корисни работи“

„СДСМ наместо да праќа смешни и бледи соопштенија, подобро ќе биде да се откаже од фрлање пари за промоција на капитулантскиот договор за промена на името“

Инаку, најголемата опозициска партија сè уште нема излезено со официјален став во врска со референдумот и референдумското прашање, а сите соопштенија се вртат токму околу ова.

Исто така, забележливо е што партијата има активен и ажурен центар за комуникации, кој работи со полна пареа без оглед на тоа што е недела.

- Реклама -