Земјотрес од 6,3 степени во Алјаска

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди американската држава Алјаска.

Епицентарот на земјотресот настанал на Андреановските острови, на длабочина од околу 11 километри. Потресот се почувствувал на околу 150 километри од епицентарот, посведочиле жители од градот Адак.

Засега нема информации за повредени и за евентуални материјални штети.

- Реклама -