Маџир маало – градскиот „остров“ со бедем против „сељачаната“

Само на неколку метри од строгиот центар, помеѓу Железничката станица и мостот Гоце Делчев се наоѓа една од најстарите скопски населби, познатото Маџир Маало.

Делумно се уште поплочена со калдрма каква што била децении наназад улицата “Ѓуро Ѓоновиќ” ја сече населбата, а ниските, повеќето трошни куќички од двете нејзини страни ве враќаат 20-ина години во времето кога животот бил многу побавен, но и многу поубав. Маџир Маало во ништо не личи на новото лице на Скопје и се одвојува од сите останати скопски населби, а до пред некоја година беше и заштитена амбиентална зона.

Како што самите ќе кажат за себе, маџирмаалци се посебни луѓе, романтичари и горди на своето детство и потекло од маало богато со историја. Велат дека секој од нив знае се за соседите од целата населба три колена наназад. Кажуваат дека меѓусебе можат да се разберат само со поглед кога е некој “надворешен” во прашање, а кога влегуваат во населбата како да влегуваат во својот двор. Годинава тие слават јубилеј со кој не може да се пофали ниту една скопска населба, 30 години од традиционалните Маџирмаалски средби, па по тој повод екипата на “Вечер” ги посети организаторите, каде се сретнавме и со неколку стари маџирмаалци кои ни раскажаа по нешто од историјата на маалото и животот во него…

Текстот продолжува на Вечер.мк.

- Реклама -