И дијаспората ќе гласа на референдумот, одлучи ДИК

Денеска новиот состав на ДИК донесе Правилник со кој се предвидува и дијаспората да има право на глас на претстојниот референдум.

„Поради неусогласеност на Законот за референдум и на Изборниот законик ДИК мора да донесе Правилник со кој ќе ги уреди прашањата, а со цел успешно спроведување на референдумот„ рече Јанаќие Витаноски, член на ДИК.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Сеху рече дека никој не може да го ускрати правото на гласање на македонските граѓани во дијаспората и потенцира дека таа лично е против начинот на кој се организира гласањето во дијаспората.

Членовите едногласно го усвоија Правилникот за работа на ДИК.

- Реклама -