Ѝ ја расплакаа мајката на Шар Планина (фотогалерија)

„Ова е Шар Планина. Дел од шумата на Шар Планина. Распукана, расплакана. Уништена и понижена. Од дрвокрадци. Од криминалци. Од незаконски, бескрупулозен, суров профит. Од нефункционален државен апарат кој години наназад не го спречува лудилото со бесправната сеча, која тука, во овој регион од сликите подолу, зема преголем, преголем замав“, пишува планинарот Бошко Видоески од планинарското друштво „Јелак“ од Тетово, на својот Фејсбук профил, во обид ова да допре до што повеќе луѓе, и секако, до надлежните уши. За тоа колку е ситуацијата сериозна, Видоески раскажува ОВДЕ, а ние ве оставаме со кратката верзија – се работи за најмалку 600 хектари шума, во парична вредност (иако вистинската вредност е многу поголема) од најмалку 3 милиони евра.

Пар слики, колку да доловиме (во постот на Видоески има повеќе, а има и видеа):

 

- Реклама -