Тажен епилог на потрагата по близначките од Грција

Телата на близначките Софија и Василики Филипопулу се пронајдени целосно јагленосани, прегрнати со нивните баба и дедо.

Со ова, бројот на загинатите лица во пожарот веќе е над 80, а повредени се околу 150 лица. Сè уште има голем број луѓе кои се водат за исчезнати.

Грчката јавност доби и официјална потврда од тамошниот Институт за судска медицина, дека се идентификувани телата на двете девојчиња, за кои нивниот татко очајно веруваше дека уште се живи и дека ги видел на две снимки како бегаат од огновите.

Во Институтот за судска медицина, по барање на вештаците, мајката на девојчињата и роднини однесоа облека и играчки од близначките за да се земе дополнителен генетски материјал.

- Реклама -