Во Собранието на РМ избран новиот состав на ДИК

Денеска во Собранието беше изгласан привремениот состав на Државната изборна комисија и тоа: Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса.

За овој состав гласаа „за“ 100 пратеници. Со изборот на ДИК, која е со привремен мандат, се создаваат услови за организирање и реализација на претстојниот есенски референдум за името.

- Реклама -