Властите во Грција се сомневаат во подметнати пожари?

Најмалку 60 мртви, 100 исчезнати и 550 повредени, а илјадници евакуирани – ваков е црниот биланс по катастрофата со библиски размери што се случи во Грција.

Локалните власти се уште стравуваат дека бројот на жртви може да расте, а некои населби веќе се целосно избришани од картата на Атина. Во местото Мати, кое е едно од најпогодените, беа пронајдени јагленосани 26 тела во двор.

Грчките медиуми оваа катастрофа ја опишуваат како една од најголемите во последната деценија. На местата каде беснееја огновите се вршат истраги на терен, а растат и сомнежите дека некој од пожарите бил подметнат, а изјавата на Ципрас дека огновите се „сомнителни и асиметрични“ уште повеќе наведуваат дека полицијата и власта имаат некакви сознанија, кои чекаат да бидат официјални пред да бидат презентирани пред јавноста.

- Реклама -