Невообичаено високите температура на Атика (над 35 степени) доведоа до драстични мерки директно по наредба на Министерството за култура на Грција.
Имено, Акрополот во Атина беше затворен за посетители, а така ќе остане најрано до понеделник попладне. Мерката, се разбира, е донесена со цел да се заштитат посетителите, но и вработените, од високите температури.
Резервираните билети ќе можат да се искористат друг ден, веднаш штом температурите тоа го дозволат.