Секоја минута Јувентус продава по еден дрес на Роналдо

Трансферот на Роналдо во Јувентус почна да им се исплаќа на бијанконерите, уште пред тој да заигра за нив.

Италијанскиот шампион веќе ги подготви дресовите на Роналдо, а по еден дрес од нивната продавница се продава на секоја минута. Се очекува бројот на продадени дресови на Јувентус со името на Роналдо да достигне еден милион.

Просечната цена на еден ваков дрес е 100 евра.

- Реклама -