Спасувач: Овие деца нуркаат во екстремно опасни услови, како никое друго дете во историјата (видео)

Иван Караџиќ е дел од меѓународниот тим нуркачи кои помагаат во извлекувањето на момчињата заглавени во пештерата во Тајланд. Во изјавата за BBC тој не можеше да го скрие восхитот од тоа што го прават момчињата:

„(Овие деца) Нуркаат во нешто што се смета за екстремно опасни услови, нема апсолутно никаква видливост, единствената светлина е таа од нашите лампи“.

Ниедно друго дете нема нуркано во такви услови, во историјата на човештвото, истакнува спасувачот. Токму поради тоа, објаснува тој, стравувале од паниката која може да настане кај децата при извлекувањето. Во таков случај би постоела голема веројатност за оштетување на опремата, па затоа, вели Караџиќ, имале резервен план за секој можен дефект на истата.

„Што ако престане да работи овој дел од опремата? Тогаш ќе го направиме ова. Што ако ни откаже друг дел од опремата? Ќе го замениме со резервен“.

Повеќе детали во видеото, и на МКД.мк.

- Реклама -