Пратениците, и демонстраните, ќе дебатираат за договорот со Грција

За 11 часот е закажана собраниска седница, а во истиот термин и демонстрантите повикаа на протест денеска пред парламентот. Македонија е во трка со роковите поврзани со интеграциските процеси

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 11 часот ја закажа седницата на која ќе се расправа за предлог-законот за ратификување на договорот за решавање на спорот за името со Грција. Откако ќе се изгласа потреба од негово донесување, расправата најпрво ќе започне во собраниската Комисија за европски прашања, бидејќи Владата овој предлог-закон го испрати до парламентот со европско знаме.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, вчера реагираше дека се крши собранискиот Деловник, бидејќи, според него, надлежна за ратификација на меѓународни договори e Комисијата за надворешна политика, а не за европски прашања. Тој обвини дека Владата ја злоупотребува својата позиција со цел ратификацијата на Договорот да помине со што помалку расправа.

„Нема никаква пречка Милошоски да свика седница на Комисијата за надворешна политика и да расправа за предлог – законот“, вели пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој раководи со Комисијата за европски прашања.

Тој потсети дека и други предлог-закони кои се поврзани со исполнување на политичките критериуми за членство во ЕУ, се разгледувани во Комисијата за европски прашања, како матична. Такво е и прашањето за решавање на билатералните спорови меѓу соседите, кое беше финализирано со договорот со Грција. Притоа Груби потенцира дека и на пленарна седница сите пратеници ќе имаат можност да се изјаснат за договорот, а конечно и сите граѓани – на референдум!

Во трка со роковите

Владата вчера го усвои, а потоа и го достави до Собранието „Предлогот на закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995. година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“. За ратификацијата на договорот со Грција во Собранието е потребно просто мнозинство од 61 пратеник. Претседателот на парламентот, Талат Џафери, за ДВ изјави дека дека се надева оти „до петок, или најдоцна до сабота, ратификацијата ќе помине во парламентот“.

Целата статија прочитајте ја тука

http://www.dw.com/mk

- Реклама -