Пар финтици против потење и „кругови“ под мишка

Засиленото потење и непријатниот мирис во одредени ситуации го прават летото неподносливо, ем за испотениот, ем за тие околу него. Доброто е што во борбата со „круговите“ под мишка не сме целосно беспомошни.

Придржувањето до следниве правила ќе значи дека ќе се потите помалку и ќе ги редуцирате непријатните мириси.

За ефикасноста на дезодорансите важен е тајмингот

На дезодорансите им треба време да почнат да делуваат, исто како што им е потребна и сува кожа. Од друга страна, ноќе температурите се најниски, а и вие веројатно сте најмалку активни, што е идеална прилика да им се даде време на дезодорансите да почнат да делуваат. Со други зборови, дезодорансот ставајте го навечер, пред спиење, а не наутро пред работа, да речеме.

Носете лесна облека

При високите температури избегнувајте припиена и облека од вештачки материјали.

Храна (избегнувајте ја зачинетата)

Во текот на летото намалете со конзумацијата на силно зачинетата храна. Таа ја зголемува температурата на телото, па со нејзиното редуцирање ќе го минимизирате потењето.

Вежбајте

Звучи лудо, ама пробајте. Ќе се потите во текот на вежбањето, но потоа количината на пот ќе се намали.

Домашни препарати

Велат дека оцетот е природен антиперспирант и помага во стеснување на порите и го намалува потењето. Истовремено ја намалува и количината на бактерии кои го предизвикуваат мирисот на пот. Можете да го нанесете со влажна крпа, а можете и да го пиете.

Помагаат, велат, и чајот од камилица и/или црниот чај. За намалување на потењето корисна е и сода бикарбоната.

- Реклама -