Пред кучињата лисиците биле домашни миленици

црвена лисицаПред кучето да стане најдобриот пријател на човекот, луѓето можеби чувале лисици како домашни миленици. Според научниците лисиците дури и биле закопувани заедно со своите господари.

Ова откритие, направено во праисториска гробница во Блискиот Исток, би можело да ни даде повеќе информации за развивањето на врската помеѓу луѓето и животните пред да започне нивното припитомување. Откритието исто така посочува дека некои клучни аспекти на античките обичаи поврзани со смртта се појавиле порано одколку што претходно се претпоставуваше. Античката гробница позната како „Ујун ал-Хамам“ или „извор на гулабот“, била откриена во малата речна долина на Вади Зиклаб во северен Јордан во 2000 година и била именувана по блискиот извор.

Гробницата е стара околу 16.500 години, што значи дека потекнува од периодот непосредно пред појавата на Натуфиската култура, во која започнала употребата на диви житарки (како пченица, јачмен и овес) во пракса која со текот на времето еволуирала во вистинско земјоделство. Овие заедници живееле пред околу 11.600 до 14.500 години во Левант, областа која денес ги опфаќа Израел, Палестина, Јордан, Либан и Сирија

Во Натуфиската култура луѓето биле закопувани со кучиња. Во еден случај при ископувањата бил откриен гроб на жена чија рака била поставена врз кученце а во друг тројца луѓе биле закопани со две кучиња и оклопи од желки. Но, новото откритие во „Ујун ал-Хамам“ покажува дека оваа пракса постоела и порано со друго животно слично на куче, лисицата. Најмалку 11 луѓе биле закопани на локацијата во Јордан, поголем дел од нив биле откриени со камен алат, коскени лажици и коскени ножеви и црвен окер, железен минерал.

Во еден гроб биле најдени череп, и коска од предната десна нога на црвена лисица, на черепот имало закачено црвен окер. Покрај тоа во гробот имало и коски од елени, газели, желки и диви говеда. Во соседниот гроб имало човечки остатоци заедно со скоро целосен скелет на црвена лисица, без череп и коска од предната десна нога, што значи дека делови од една иста лисица биле преместени од едниот во другиот гроб. „Изгледа дека пронајдовме случај во кој лисицата била убиена и закопана со нејзиниот сопственик“ изјавила Лиса Маер, археолог од Кембриџ Универзитетот во Англија. „Подоцна гробот бил повторно отворен поради некоја причина и човечките коски биле отстранети, но бидејќи имало врска помеѓу лисицата и човекот, и лисицата било исто така преместена.“

Преместувањето на остатоците од лисицата заедно со оние од човекот би можело да биде доказ дека лисицата некогаш била сметана за придружник. Истражувачите претпоставуваат дека нејзините коски биле преместени за човекот и понатаму да го има својот придружник во задгробниот живот. [Prehistoric cemetery reveals man and fox were pals]

- Реклама -