Изведе аут од сред терен, и никој од присутните 30.000 не забележа (видео)

Екстремно итра тактика или само невнимание на играчот – нема да дознаеме додека самиот не признае. Но нема да биде чудно ни да се работи за ненамерна грешка, затоа што ниту судиите, ниту навивачите на трибините не видоа ништо проблематично со изведувањето на овој аут од неделниот фудбалски меч во кој Кардиф го пречека Рединг во втората англиска лига.

Играчот не беше ни блиску до аут линијата, ама беше на линијата каде што завршуваше сенката од трибините. Како и да е, начинот на кој беше шишана тревата (во коцки) се чини успешно збуни 30.000 човечки (читај: понекогаш фалични) мозоци, па играта продолжи како аутот да бил сосема регуларно изведен.

И пред да речете дека публиката молчела за да му помогне на својот тим, не, не сте во право. Аутот го изведуваше Рединг, а како што веќе рековме, мечот се играше пред домашната публика на Кардиф.

- Реклама -