ФОТО: Се маскирале во мажи за да влезат на стадион

Во Иран е казниво со закон жени да присуствуваат на спортски настани. Во 2014-та Гноче Гавами помина повеќе од 5 месеци во затвор, бидејќи се обиде да гледа меч од одбојкарската Светска лига.

Сепак, некои жени тоа не ги спречува. Пет Иранки се маскирале во мажи – со бради, перики и во машка облека, за да го гледаат доделувањето на шампионскиот пехар на Персеполис на стадионот Азади, со капацитет од 95.000 гледачи.

Само неколку недели подоцна 35 жени биле уапсени бидејќи го гледале натпреварот меѓу Персеполис и Естеглал, на истиот стадион. И покрај „маските“, групата жени била забележана.

Нивниот обид за гледање утакмица (колку и тоа смешно да звучи) се совпаднал со гостувањето на претседателот на ФИФА – Џани Инфантино во Иран. Нему/на ФИФА им се замерува што не сакаат да го исфрлат Иран од Асоцијацијата и покрај фактот што забраната за жени да присуствуваат на спортски натпревари е крајно очигледна полова дискриминација.

Во своја одбрана, Инфантино изјави: „Ветено ми е дека жените наскоро ќе имаат пристап до стадионите. Во земјите како Иран за такво нешто потребно е време. Постои опција за казнување, но мислам дека е многу попаметно овие нешта да се решаваат со разговор“.

- Реклама -