Раце полни шахти, срце полно добрина

Жителите на една скопска населба сабајлево ги разбуди прекрасна глетка што им ги стопли срцата.

Украдените шахти низ цела населба уште еднаш ги потсетија дека човечката добрина ќе ја најдете и каде што најмалку очекувате. На пример, дури и во каменото срце на крадецот на шахти.

Ете, овој (или поверојатно – овие) во Карпош 1 биле толку човечни што во некои од шахтите ставиле дрвца, за да не се утепа некој недолжен. Може и дрвцата се украдени, ама хеј, гестот е тоа што се цени. Секоја чест за крадците.

Фото: Екипата на „Слободен печат
Локација: Улица Руѓер Бошковиќ во Карпош 1

- Реклама -