Home Свет Горило во зоолошката во Кент оди како човек (видео)

Горило во зоолошката во Кент оди како човек (видео)

0

горилоГорило кое започнало да се движи наоколу на своите задни нозе, како човек, стана интернет ѕвезда откако ова видео беше поставено на YouTube. Повеќе од 300.000 луѓе го гледале видеото во кое 21 годишниот Амбам лежерно се шета низ делот за горили во зоолошката во Кент.

Чуварите од зоолошката велат дека не е необично горили да одат на задните нозе, но ретко може да се види појавата особено на долгите растојанија кои Амбам ги поминува. Тие додале дека мислат дека Амбам го прави ова за да биде во поповолна ситуација за време на хранењето.

{youtube}CrQf6cogMuI{/youtube}
Чуварот Фил Риџес вели: „Таткото на Амбам, Битам, го правеше истото кога носеше нешто во рацете. Амбам има и сестра, Тамба и полусестра Хаулетс, кои исто така стојат и одат на истиот начин. Ние мислиме дека тој го прави ова за да може да гледа над ѕидот за да види кога доаѓаат чуварите со храна. Амбам исто така може да носи многу повеќе храна бидејќи ги користи двете раце, а одењето на две нозе значи дека неговите раце остануваат чисти кога врне.“
горило

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here