Кучето што ја бркаше колата на Google Street View

Google Street View е навистина корисна алатка која ви овозможува виртуелно да видите и прошетате места директно од удобноста на вашиот дом (особено корисна за да проверите дали сместувањето што ви го нудат агенциите е навистина на 100 метра до плажа или е тоа воздушна линија што треба да ја поминете планинарејќи километар и пол во еден првец).

Но низ годините возилата на Google Street View фатија и еден куп несекојдневни сцени на кои баш и не им е местото во дигитална интерактивна мапа. Меѓу нив и кучево во Кагошима, Јапонија, кое освен затоа што е преслатко, се прослави и по упорноста во намерите да ја стигне колата на Google Street View.

Галеријава ќе вé остави со две прашања. Првото е до целиот кучешки род: Што планирало да направи кога ќе ја стигне колата? Второто е: Би се однесувало ли кучево исто кога би знаело дека цел свет му се смее на лудоста?

- Реклама -