Папата: Мажите што „купуваат“ љубов се криминалци

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрaнцис, вчера побара прочка за сите христијани кои „купуваат“ љубов, истакнувајќи дека мажите кои користат услуги на проститутки се криминалци со „болен став“ дека жените постојат за да бидат искористувани.

Францис рече дека проституцијата „не е водење љубов“, туку дека се работи за мачење на жените. „Не треба да се мешаат овие изрази“, рече тој.

За проблемот со проституцијата Папата говореше на 4-часовниот состанок со 300 млади луѓе кои се повикани во Ватикан за да зборуваат за тоа што денес младите мислат за католичката црква. Се работи за подготвителен состанок пред големиот синод на бискупи и млади кој ќе се одржи следната есен. Папата Францис истакна и дека делегатите мораат храбро да говорат, но и дека младината треба да се сфати сериозно.

- Реклама -