Купете го Плејбојот кој одлетал до Месечината

Купете го Плејбојот кој одлетал до МесечинатаНабргу ќе се одржи аукција на предмети од мисиите Аполо. На истата ќе може да се купат доста интересни предмети поврзани со летовите кон Месечината. Ако имате доволно пари, ќе можете да купите и календар од Плејбој кој одлетал до природниот сателит, во првата мисија.

Купете го Плејбојот кој одлетал до МесечинатаОвој лист од календарот од Плејбој, како шега бил испратен со првата Аполо мисија кон Месечината. Доколку сакате да го поседувате, ќе треба да се наддавате на аукцијата, а почетната цена е илјада долари. Делови од фотографијата се замаглени само на промотивните материјали, додека листот кој ќе го купите, ќе биде сосема автентичен.

Купете го Плејбојот кој одлетал до МесечинатаОд останатите интересни предмети што може да се купат е американското знаме кое со мисијата Аполо 11 слетало на Месечината, заедно со Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс. Знамето е поставено на картон, на кој има автограми од сите тројца учесници во мисијата. Почетната цена е 2 и пол илјади долари.
Купете го Плејбојот кој одлетал до МесечинатаДоколку немате толку пари, ќе можете да си купите дел од контролните панели од уредите за тренинг, кои се користеле за подготовка на сите учесници во мисиите Аполо. [Space Auction: Own the Playboy Centerfold that Flew on an Apollo Mission]

- Реклама -