Основачот и извршен директор на Amazon – Џеф Безос, продолжува да го полни контото. Неговото богатство се должи главно на акциите на Amazon што лично ги поседува, кои во текот на минатите 6 месеци пораснаа над 50%.
Безос ја почна 2018-та со конто од 100 милијарди долари, но брзо заработи уште 10 во првите две недели од годината. До крајот на јануари, Безос веќе имаше 120 милијарди долари.
Според последните податоци од Индексот на милијардери на Bloomberg, богатството на Безос веќе изнесува изнесува 131 милијарди долари, што е за 32.3 милијарди долари повеќе споредено со богатството што го имал на 31 декември 2017 година.
Безос во моментов поседува 38 милијарди долари повеќе од Бил Гејтс, кој долго време беше лидер меѓу најбогатите луѓе во светот. За споредба, во 2018-та Гејтс има заработено „само“ 1.09 милијарди долари.
Од почетокот на тековнава година, Безос во просек заработува по 325 илјади долари во минута. Во целата 2017-та Безос заработи вкупно 35 милијарди долари.
Ако сакате подобро да си ги визуализирате овие бројки и вистински да сфатите што тоа значи да си макар и обичен милијардер (просечен милијардер во САД има 2 милијарди долари), топло ви препорачуваме да го прочитате ОВА.