Џемпер за бронзениот бик

плетен бикДодека повеќето Американци го поминаа Божиќ славејќи со своите семејства во топлите домови, Олек, уметник од Њујорк го помина во близина на Вол Стрит. И покрај (или можеби поради) ниската температура, таа решила да му сплети џемпер на бронзениот бик.

Што ја натерало да се реши на овој потег? Делумно, поради економијата а делумно поради носталгија. „Сакав да го направам ова за сите луѓе кои не можеа да го поминат празникот со семејствата, и за луѓето кои немаат капути и немаат пари.“ Олек или Агата Олексиак е родена во Полска, но бидејќи не успеала да отиде дома кај семејството, таа помислила на сите оние кои го минале празникот далеку од саканите.

Таа вели дека исплетениот бик е нејзин божиќен подарок за целиот град, и е направено од почит кон Артуро Ди Модика, скулпторот кој го направил бикот, поставен на таа локација пред Божик 1989 година. Ди Модика ја прогласил скулптурата за симбол на „силата и моќта на американскиот народ“ по падот на берзата во 1987 година. Бикот, кој сега е сместен во паркот Боулинг Грин во јужниот дел на Менхетен, е бронзена скулптура која тежи 3220 килограми и е висока 3,3 метри и долга 4,8 метри.

Но како и сите останати дела на „герила уметност“, делото на Олек не опстојало долго. Таа вели дека чуварот на паркот го искинал следното утро. Сепак, таа има оптимизам за иднината: „Се надевам дека ќе можам да го направам пак. Оваа плетена навлака ги претставува моите најдобри желби за сите нас. Ова ќе биде година со просперитет и многу прекрасни изненадувања.“

А кој ќе сплети џемпер за нашиот бик? 🙁 [Olek]

- Реклама -