Американската DARPA работи на успорување на биолошките функции на војниците

Проблемот е едноставен: Колку подолго треба му треба на воен доктор да третира тешко ранет војник, толку повеќе се зголемуваат шансите дека војникот нема да преживее.

За да го реши овој проблем, американскиот Оддел за одбрана отсекогаш беше фокусиран на скратување на потребното време за докторот да стигне до ранетиот војник за да ја укаже потребната нега, на сите можни начини.

Сепак, сега се решени на обратен пристап. Од истражувачите е побарано да работат на начини за да се забави биологијата на телото, со што би се продолжило времето што докторите би го имале на располагање пред да овозможат третман.

DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency) ја најави програмата на 1 март годинава. Наречена е „Biostasis“ (како од некоја футуристична видео игра), а се работи за 5-годишна иницијатива за продолжување на „златниот час“ – термин што се користи за да се опише периодот од моментот на настанување на повредата до моментот кога веќе е предоцна за медицински третман (т.е. таквиот веќе не би бил ефективен).

Планот е да се најде начин да се манипулира молекуларната биологија на телото, за да се контролира колку брзо работат телесните системи. Истражувачите првично ќе се фокусираат на успорување на индивидуалните клеточни процеси, но крајната цел е да се забави целата активност на сите системи со прилично еднаква стапка, за да се избегне сериозната штета што би настанала од успорување на само еден дел од телесните функции (зависно за кои функции зборуваме, се разбира).

Главното во сето ова е што ако DARPA успее во својата цел, бенефитите би биле огромни, не само на бојното поле, туку и во секојдневниот живот. Исто како што транспортирањето на повреден војник до локацијата каде што ќе биде третиран може да потрае, така може да потрае и транспортирањето на повреден пациент со Брза помош до болница. Инекција што би ги забавила биолошките функции на повредениот, би можела на докторите да им даде доволно време за да му го спасат животот. Кратко речено, таква инекција би значела дека поретко ќе го слушаме на она кобното „починал на пат кон болница“.

- Реклама -