Нова технологија: Операциите ќе се прават побрзо од било кога

Благодарение на развојот на технологијата, особено 5G технологијата, во иднина можеби ќе живееме во свет во кој хирург од еден крај на светот ќе може да оперира пациент на другиот крај – во реално време.

5G технологијата во иднина би можела и да ги напојува автомобилите, паметните градови и слично. Научниците забрзано работат на такво нешто.

Ericsson, на пример, ги здружи силите со истражувачите од лондонскиот King’s College, за да создадат футуролошки апликации кои ќе можат да се употребуваат во разни полиња, од музиката до медицината. Целта на тие нивни истражувања и апликации е брз трансфер на вештини преку интернет, проект кој е наречен Internet of Skills.

Во реалниот свет, тоа би значело дека хирург опремен со тактилни ракавици кои ги следат движењата и јачината на притисокот, со помош на робот, би можел да оперира пациент на другиот крај на светот. 5G технологијата ќе овозможи сé да тече глатко и во реално време,

„Се надеваме дека со 5G технологијата и новата мрежна архитектура на која работиме, ќе успееме да го смалиме доцнењето во преносот на податоци“, вели д-р Миша Долер, професор по безжични комуникации на лондонскиот универзитет.

Долер, инаку композитор и пијанист, планира да ги дигитализира и своите вештини во свирење, а со тоа да ги подучува и другите да свират. Пак зборуваме за тактилни ракавици и пренос на информации и вештини. Ракавиците ги следат и памтат движењата на неговите прсти и позицијата на неговите раце. Податоците се чуваат во база подготвени за трансфер/download/преземање… како ви е желба.

„Податоците ќе можат да се преземат во реално време на надворешен скелет кој ќе ги води прстите на ученикот додека неговите мускули не запаметат што треба да прават. Така ќе можеме да го вежбаме нашето мускулно памтење каде и да сме“, објаснува Долер.

Истото важи и за хирурзите. И тие ќе можат да ги складираат своите вештини во база спремна за трансфер, за да ги користи друг хирург макар и на другиот крај на светот.

Долер смета дека новата технологија ќе ја видиме за најмалку 10 години.

- Реклама -