Ѓубрето на Америка: Глетки што не се забораваат

Делото на американскиот фотограф Крис Џордан ни ги отвара очите кон обемот на консумеризмот во Западната култура и неговиот импакт врз животната средина.

Џордан фотографира инфраструктурен и индустриски отпад во размер што тешко дека некој од нас ќе го види со свои очи. Купишта од ѓубре, цели мали градови од шипинг контејнери и бескрајни мориња од масовно произведени секојдневни продукти за една или повеќе употреби.

За разлика од статистичките бројки, кои тешко можеме да си ги претставиме во главата, овие глетки и тоа како доловуваат колку расипнички се имаме распашано на планетава.

- Реклама -