Топ 20 најмоќни воени сили во светот

 

“Global firepower” го објави годишниот извештај за воената моќ на земјите од светот, а во предвид се земени повеќе од 50 фактори кои влијаеле на конечниот резултат.

Во конечното рангирање е „пресметана“ и разноликоста на военото оружје, географските и логистичките капацитети, природните ресурси, индустријата и сл., а вклучени се 133 светски држави.

Нуклеарното оружје не е земено во предвид, но нуклеарните земји добиле одредени бонуси. Исто така не се доделувани ни негативни поени на земјите кои не излегуваат на море и немаат морнарица, а мал бонус им е доделен на земјите од НАТО зашто во теорија би можеле меѓусебно да споделуваат ресурси.

Пред да почнеме со рангирањето, само да напоменеме: совршениот индекс на воена сила е  0.000.

20. Тајланд – индекс на воена моќност: 0.3892

Има вкупна популација од 68.200.824 жители. Војската на располагање има 555 летала, од кои 76 се борбени. Располага со 737 тенкови и 81 морнаричко пловило, од кои 1 е носач на авиони. Воениот буџет изнесува 5.39 милијарди долари.

19. Полска – индекс на воена моќност: 0.3831

Вкупното население во Полска изнесува 38.523.261, од кои 184.650 се војници. Од 465 авиони 99 се борбени. Покрај тоа, Полска има 1.065 тенкови и 83 поморски бродови. Воениот буџет изнесува 9.36 милијарди долари.

18. Тајван –  0.3765

Има 1.932.500 воен персонал од вкупно 23.464.787 жители. Од 850 авиони, 286 се борбени. Располага со 2.005 тенкови и 87 бродови. Воениот буџет изнесува 10,72 милијарди долари.

17. Бразил – 0.3654

Бразил има воен буџет од 24,5 милијарди долари. Вкупното население е 205.823.665, од кои 1.987.000 се воен персонал. Вкупниот број на летала е 697, од кои 43 се борбени авиони. Има и 469 тенкови и 110 поморски бродови.

16. Виетнам – 0.3587

Вкупното население е 95.261.021, од кои 5.488.500 се во армијата. Од 278 летала 76 се борбени авиони, а располага и со 1.545 тенкови и 65 бродови. Воениот буџет изнесува 3,36 милијарди долари.

15. Израел – 0.3476

Со само 8.174.527 жители, од кои 718.250 војници, Израел се наоѓа на 15-тото место на листата. Има 652 летала од кои 243 се борбени авиони, а има и 2.620 тенкови и 65 бродови. Има воен буџет од 15,5 милијарди долари.

14. Индонезија

Вкупната популација на Индонезија изнесува 258.316.051 жители, од кои 975.750 се во армијата. Од 441 летала 39 се борбени авиони. Има 418 тенкови и 221 воени пловила. Воениот буџет изнесува 6,9 милијарди долари.

13. Пакистан –  0.3287 

Има 201.995.540 жители, а 919.000 војници. Располага со 951 летала, од кои 301 се борбени авиони. Исто така, има 2.924 тенкови и 197 воени бродови. Воениот буџет е 7 милијарди долари.

12. Јужна Кореја – 0.2741

Армијата на Јужна Кореја има буџет од 43,8 милијарди долари. Вкупното население е 50.924.172 жители, од кои 5.829.750 се воен персонал. Од вкупниот број летала 406 се борбени авиони. Располага со 2.654 тенкови и 166 бродови, од кои еден е носач на авиони.

11. Италија – 0.2694

Има вкупно население од 62.007.540, а 267.500 војници. Има 822 летала од кои 79 се борбени авиони. Има 200 тенкови и 143 пловила, од кои два носачи на авиони. Воениот буџет е 34 милијарди долари.

10. Египет – 0.2676

Вкупно население од 94.666.993, од кои 1.329.250 воен персонал. Војската располага со 1.132 авиони од кои 337 се борбени, има 4.110 тенкови и 319 воени пловила од кои два носачи на авиони. Воениот буџет изнесува 4,4 милијарди долари.

9. Германија – 0.2609

Вкупно население – 80.722.792, од кои 210.000 се војници. Од 698 авиона 92 се борбени. Покрај тоа, има 543 тенкови и 81 поморски брод. Воениот буџет изнесува 39,2 милијарди долари.

8. Турција – 0.2491

Има 743.415 воен персонал од 80.274.604 жители. Од 1.018 авиони 207 се борбени. Располага со 2.445 тенкови и 194 бродови. Воениот буџет изнесува 8,2 милијарди долари.

7. Јапонија – 0.2137

Јапонија има воен буџет од 43,8 милијарди долари. Вкупното население е 126.702.133, од кои 311.875 се воен персонал. Вкупниот број летала е 1.594, од кои 288 се борбени авиони. Има 700 тенкови и 131 пловило, од кои четири се носачи на авиони.

6. Велика Британија 

Вкупната популација е 64.430.428 жители, од кои во војската се 232.675. Од 856 летала, 88 се борбени авиони. Располага со 249 тенкови и 76 воени пловила, од кои два се носачи на авиони. Воениот буџет е 45.7 милијарди долари.

5. Франција – 0.1914 

Вкупното население е 66.836.154, од кои 387.635 се во армијата. Од 1.305 летала, 296 се борбени авиони. Располага со 406 тенкови и 118 бродови (четири авионски носачи). Воениот буџет е 35 милијарди долари.

4. Индија – 0.1593

Со 1.266.883.598 жители и 4.207.250 војници, Индија е рангирана како четврта најголема воена сила на светот. Има 2.101 летала, од кои 676 борбени авиони, а располага со 4.426 тенкови и 295 бродови (три авионски носачи). Има буџет од 51 милијарда долари.

3. Кина – 0.0945

Од 1.373.541.278 жители, 3.712.500 се војници. Располага со 2.955 летала, од кои 1.271 борбени авиони. Има 6.457 тенкови и 714 воени бродови, вклучувајќи и еден авионски носач. Воениот буџет изнесува 161,7 милијарди долари.

2. Русија –  0.0929

Со вкупно население од 142.355.027 и 3.371.027 војници, Русија е втора најмоќна на светот. Располага со 3.794 летала, од кои 806 борбени авиони. Има 20.216 тенкови и 353 бродови (еден авионски носач). Воениот буџет изнесува 44,6 милијарди долари.

1. САД –  0.0857

Армијата на САД има најголем буџет од 587,8 ​​милијарди долари. Вкупното население е 323.995.528, од кои 2.363.675 се воен персонал. Од 13.762 летала, 2.296 се борбени авиони. Исто така, има 5.884 тенкови и 415 бродови, од кои 19 носачи на авиони.

- Реклама -