Знаете ли што е Гугл ефект?

Кога последен пат не сте можеле да се сетите на некоја информација или да одговорите на некое прашање, а не сте го пребарале тоа на интернет?

Денес голем дел од информациите ги имаме на еден клик „растојание“, а тоа што речиси постојано сме опкружени со компјутери и смартфони значи дека практично со тие информации располагаме во секое време.

Дали тоа значи дека помалку помниме информации, кога веќе немаме толку голема потреба?

Да, научниците и психолозите низ своите истражувања потврдија – дека интернетот го користиме како лична меморија за информации, особено тие што се лесно достапни. Феноменот се нарекува Гугл ефект.

Тоа, од друга страна, значи дека во реалниот живот имаме тенденција помалку да ги запаметуваме информациите што сметаме дека лесно можеме да ги најдеме онлајн, а и кога ќе ги запаметиме, почесто ги забораваме. Затоа феноменот уште се нарекува и дигитална амнезија.

Интернетот ни служи како еден вид мемориска картичка за мозокот, и тоа со неограничен капацитет.

Дали тоа нé прави поглупави?

Не. Како што покажуваат истражувањата, и покрај тоа што ја забораваме самата информација, обично памтиме каде точно таа информација можеме да ја најдеме онлајн. Дополнително, складирањето на едноставните и лесно достапни информации во „онлајн меморијата“ ни овозможува подобро да размислуваме за реалните случувања и покомплексните информации.

Проблем ќе настане само ако таа онлајн меморија одеднаш ја снема, а тоа веројатно може да се случи само во некаков случај на „апокалипса“, во спротивно премногу се потпираме на интернетот за да дозволиме да го снема. Се надеваме.

- Реклама -