Писмото на наставничката до родителите на учениците кое морате да го прочитате

Писмото кое класната во едно училиште во Сингапур им го испратила на родителите на нејзините ученици.

Драги родители,

За кратко време на вашите драги деца им почнува испитната недела. Сигурна сум дека сте бајаги нервосни и во исчекување за тоа што ќе наптават на испитите.

Ве молам запамтете го фактот дека помеѓу децата кои ќе бидат присутни на испитите сигурно има еден уметник кој најверојатно појма нема математика … Има еден бизнисмен кој воопшто не се замара за историја или книжевност, 100% има еден музичар, на кој не му е гајле за хемија, како и спортист на кој физичката активност му е многу побитна од физиката.

Ако детето ви нареди добри оценки, браво, за него, па и за вас, ама ако не успее во истото, ве молам не му ја одземајте самодовербата и достоинството. Кажете му дека се е океј и тека тоа е само еден испит, и ништо повеќе.

Кажете му на детето дека и покрај двојката, повторно го сакате и нема да му судите.

Направете го ова, задолжително, а додека го правите, набљудувајте го детето како го освојува светот. Кецот по хемија нема да му го одземе сонот и талентот на вашето дете.

Да, и за крај, најбитно … тргнете си го од глава, еднаш за секогаш, муабетот дека сите доктори и инженери се единствените среќни луѓе на светот

Топли поздрави

- Реклама -