Муслимани палеа Памперс, на пакувањето пишувало Мухамед

Група муслимани повикуваат на бојкот на пелените Pampers, бидејќи „биле навреда за исламот“.

Според нив, на лицето на нацртаната мачка на пакувањето е испишано името на исламскиот пророк –  „Мухамед“. Линиите кои ги илустираат брковите, носот, устата и левото око на насмеаната мачка, велат наликуваат на името на пророкот напишано на арапски.

И така, на улиците во Индија излегоа голем број родители во знак на револт, и јавно спалија неколку Pampers пелени. Во писмото до полицијата, освен што тврдат дека Pampers пелените (зад кои стои американската компанија Procter & Gamble) ги навредуваат чувствата на муслиманите, бараат и нивните производи да се повлечат од полиците.

„Дури и со голо око може да се прочита името на Мухамед. Тој е свето лице во исламот, и било какво непочитување не може да се толерира. Тие кои го направиле ова треба да бидат фатени и казнети“…

Дел од корисниците на социјалните мрежи се придружија на повикот за бојкот, но останатите сметаат дека се работи за обичен цртеж, и дека целава работа е комплетно извадена од контекст.

Од Procter & Gamble велат дека се свесни за погрешното толкување на цртежот кое се шири по Фејсбук и Јутјуб. „Тоа е обичен цртеж на мачка каков што често пати гледаме во цртаните. Никогаш сме немале намера да навредиме било кого или нечија вера“, инсистираат од компанијата.

Ова е спорниот цртеж, патем:

- Реклама -