Јувентус не се покори пред Челзи (видео)

Челзи ја почна одбраната на шампионската титула во елитното европско натпреварување со реми од 2:2 против Јувентус.

Оскар постигна два прекрасни погодоци со кои што го доведе актуелниот европски првак во водство од 2:0, но фудбалерите на Јуве покажаа фантастичен карактер и целосно се вратија во мечот.

Артуро Видал намали на 2:1 во финишот од првото полувреме, а конечните 2:2 ги постави Кваљарела на десетина минути до крајот. Лесно можеше да се случи Кваљарела во самата завршница да направи целосен пресврт, но неговиот удар заврши само во дирекот од голот на домашниот тим.

{youtube}WgSBQJNxEc0{/youtube}

Барселона многу потешко од очекувањата стигна до победа на дуелот со Спартак Москва. Каталонците славеа со 3:2, но мора да се напомене дека до 72. минута резултатот гласеше 1:2 за гостите од Русија. Сепак, во самиот финиш на сцена стапи Лео Меси, кој што со два погодоци направи целосен резултатски пресврт и му ја донесе победата на својот тим.

БАТЕ Борисов, тимот што во квалификациите го елиминираше Вардар, приреди вистинска сензација со победата од 1:3 на гостувањето против Лил, исто како и Клуж со триумфот од 0?2 на гостувањето против Брага.

Мора да се напоменат и новите нереализирани пенали во првото коло од Лигата на шампионите, Нани не беше прецизен во второто полувреме од мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Галатасарај (1:0), додека Манџукиќ пропушти можност во самиот финиш да му донесе уште поубедлив триумф на Баерн Минхен над Валенсија, па мечот на „Алијанц Арена“ заврши со 2:1.

- Реклама -