Брзи и вкусни кикирики штангли

Во сад се мешаат сувите состојки, односно мелените бисквити и несолените кикирики.

Се вари шербетот кој треба да поврие малку да се добие сируп, се лади малку и се тура во садот со сувите состојки.

Се измесува со рака да се соедини смесата, па потоа му се додава крупно рендано чоколадо. Пак се меси и потоа се става во калап за бајадера обложен со најлонска кеса.

Се лади убаво, се вади од калапот.

Чоколадото за глазура се топи заедно со маслото и со силиконско четче се премачкува врз калапот.

Додека е топла глазурата се посолува со кикирики, а штом убаво се излади, со тенок нож се сечкаат штангли.

Доколку употребите посни бисквити и чоколадо, ќе добиете одличен посен десерт.

- Реклама -