Рецепт за супер појадок: Солена лисната плетенка

Квасецот се активира во целокупното брашно, каде што и ќе се меси.
Се додаваат сите наведени состојки, сем маргаринот и се замесува средно меко тесто. Се остава да одмори 15 мин.

Потоа тестото се отвора во правоаголна кора и се премачкува со 1/3 од маргаринот. Се дипли до мало правоаголниче. Се става во фрижидер на 30 мин.
Постапката се повторува уште 2 пати.
Четвртиот пат се отвора правоаголна кора. Визуелно се дели на 3 дела. Страничните се рецкаат, а во средината се става претходно подготвениот фил. Спанаќот обварен, добро исцеден и исецкан се меша со изварката.
Се плети, т.е. прекрстуваат лентите.
Се остава да зголеми волумен на топло, околу 45 мин., па се премачкува со разматена жолчка со малку млеко и наросува сусам.
Се става да се печи во загреана рерна и тоа 10 мин. на 220 степени, па се намалува на 180 степени и се пече уште 30 мин.
Се попрскува малку со водичка, се задушува и откако малку ќе подизлади се послужува со чаша јогуртче.
На здравје!

- Реклама -