Неверојатен инженерски потфат крај браната Хувер

Мост крај браната ХуверЗа да ја заштитат браната Хувер, која ја преградува големата река Колорадо, од автомобилите, Американците решиле да изградат мост што ќе биде алтернативен пат што ги спојува државите Невада и Аризона. Овој висечки мост е еден од најимпресивните инженерски подвизи до сега, а неговата изградба чини 160 милиони долари.

Мост крај браната ХуверМостот е алтернатива за браната Хувер, како дел од познатиот пат 93 што ги спојува Аризона и Невада. Мостот e изграден на 274 метри над големата река Колорадо и го држат два масивни бетонски лакови, составени од по 53 сегменти, долги по, нешто преку 7 метри. Лаковите се долги 300 метри.

Мост крај браната ХуверПо спојувањето на лаковите, потпорните сајли беа отстранети, по што беа додадени столбови кои го држат патот. Мостот го носи името: „Меморијален мост Мајк О’Калахан-Пет Тилман“, по еден поранешен гувернер на Невада и американски фудбалер од Аризона кој загинал во Авганистан, служејќи во армијата.

Мост крај браната ХуверРаботата на мостот започнала во 2005, а истиот беше пуштен во употреба на 19 октомври, 2010 година. Проценките велат дека преку него, секојдневно поминуваат по 17 илјади возила. Оваа градба е неопходна за да се намали оштетувањето на огромната брана Хувер, која била изградена во 1936 година, со доволно бетон за да се направи пат од Њујорк до Сан Франциско; и со која било создадено езерото Мид.

Мост крај браната Хувер
- Реклама -