Најдено мртво тело на маж на скопскиот аеродром

Утрово во 4 часот, во тоалетот на аеродромот Алекс… овај, на Меѓународниот аеродром во Скопје, било пронајдено мртвото тело на 52-годишен маж.

Лицето е по потекло од Велика Британија, а смртта била констатирана од доктор од екипата за итна помош, велат информациите од МВР.

По направениот увид ќе се знаат повеќе детали за причината на смртта.

- Реклама -