Фотографија на денот: носорог со телохранители

Во целиот свет постојат само уште 7 бели носорози. Овој вид е на работ на истребување, па затоа владата на Кенија презема мерки за заштита на кутрите животинчиња од ловокрадците.

Во еден резерват во Кенија, на четириесет годишниот бел носорог, Барака, му биле назначени вооружени телохранители, кои треба да го заштитат од сите нешта што сакаат да му наштетат. Според проценките, овој носорог кој сака луѓе и е многу пријателски настроен, би можел да доживее старост од 80 години.

За дополнително да ги одвратат ловокрадците, што ги ловат овие животинчиња поради роговите, на Барака му бил отстранет рогот, само за да може да има мирен живот…

- Реклама -