Травата во Јапан изгор-скупа, каде е најефтина? Кои се придобивките од легализацијата?

Во конкуренција од 120 градови, престолнината на Јапан, Токио држи највисока улична цена за грам марихуана и тоа ни повеќе ни помалку, туку 32.66 долара за грам. По истото истражување, главниот град на Еквадор, Кито, држи најефтина цена за грам – 1,34 долара.

Азијсиките градови високо котираат на оваа ранг листа по индекс на цена. Сеул, Кјото, Хонг-Конг и Банкок се меѓу првите пет, па по нив одат: Даблин, Шангај, Пекинг и Осло.

Низ јужноамериканските градови цената на канабисот очекувано е најниска, па на последните места се наоѓаат Богота, Асунсион, Панама и Монтевидео. Според овие податоци, не постои директна корелација помеѓу цената и колиината која се консумира. Во Кито се трошат само 0.6 тони годишно додека во ЊуЈорк пушат 77.4 тони годишно иако цената за грам им изнесува 10.76 долара.

Истражувањата ги спроведува Seedo со цел да утврди колку би можеле да заработат градовите од легализација на марихуана. Интересно е дека на овој список на прво место се наоѓа Каиро кој своите годишни приходи би можел да ги зголеми за 384 милиони долари – годишно. Во моментов во Египет се насила многу строги закони против производството и продажбата на канабис, па на дилерите им се заканува смртна казна.

На листата на градови кои би заработиле добра пара од легализацијата и декриминализацијата на канабис се и Сиднеј (138 милиони) и Мелбурн (132 милиони долари).

Факт е дека канабисот на велико се користи и во земјите каде законот се заканува со смртна казна – на пример во Пакистан и Египет треба да им се посочи на државниците колку многу им се потребни нови законски мерки, вели Ури ЗИви од Seedo.

Декриминализацијата на канабисот би им овозможила побезбедна регулатива за производство, би им ги смалила приходите на бандите и на крајот, како што покажа и самото истражување би го наполнила буџетот (даночни приходи).

- Реклама -