40.000 километри, 17 држави, и многу извонредни фотографии

Јохан Лолос е самоук фотограф од Белгија кој пред 4 години одлучил да ја напушти Европа и да го пропатува светот. Ама…

Две години ги обиколувал Австралија и Нов Зеланд. Вели дека тогаш уште не бил свесен дека и Европа има многу што да понуди, особено кога се во прашање разноликоста на природата и пејзажите.

Кога по 3 години се вратил во родниот Лиеж, сфатил дека живее на помалку од еден ден возење до, вели, најубавите планини на светот. Се разбира, говори за Алпите.

Тоа е и моментот кога одлучил во текот на летните месеци да ја патува Европа, па направил и план. Според планот, Лолос требало да обиколи три европски региони и 17 држави во период од 5 месеци.

Тоа што сега го читате ова е потврда дека планот е остварен. Фотографиите од феноменалните пејзажи Лолос ги објави во својата фото-книга насловена „Врвовите на Европа“ (Peaks of Europe). Ова се само дел од нив.

Лаго ди Брајес, Јужен Тирол, Италијаж

Augstmatorn, Швајцарија

Landmanalaugar, Исланд

Hamnoj, Lofoten, Норвешка

Плажа Навахо – Закинтос, Грција

Somaroja, Тромсо, Норвешка

Ла Maddalena, Италија

Свалбард, Норвешка

Метеори – Тесалија, Грција

Шамони, Франција

Јохан ќе го најдете на Инстаграм, под името „le backpacker“.

- Реклама -